📽 ЛУКАШЕНКО ПОКАЖА КОН ЕДЕН РЕГИОН НА КАРТАТА „Може ли да ја задржам оваа територија?“
Лукашенко го прашува воениот командант Науменко дали може да ја задржи територијата со своите војници, а тој го уверува дека се планирани сите акции, дека се разработуваат прашањата за борбена готовност и дека се обучува персоналот.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко јавно ја коментираше можноста Белорусија да го нападне коридорот Сувалки, тесен премин кој ги поврзува балтичките држави со Полска и остатокот од територијата на НАТО.
На видеоснимката Лукашенко го прашува командантот Александар Наумек од северозапдната команда за ширината на коридорот Сувалки „за која тие (Литванците) секогаш зборуваат“.
– Не треба вака да се однесуваат. Но, сега ќе треба да им се спротивставите на балтичките републики и ќе окупирате дел од Полска – вели Лукашенко откако дозна дека коридорот е широк 42 километри.
Lukashenko goes to the border near the Suwalki Gap and asks the Belarusian commander there about how he will fight against the Baltic states & conquer a part of Poland in order to create a land bridge between Belarus and Russian Kaliningrad… pic.twitter.com/XlwL71Mgaq
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 26, 2024
Лукашенко потоа го прашува воениот командант дали може да ја задржи територијата со своите војници. Науменко го уверува дека се планирани сите акции, дека се разработуваат прашањата за борбена готовност и дека се обучува персоналот.
Коридорот Сувалки, копнен коридор меѓу Белорусија и руската ексклава Калининград, се смета за многу веројатна локација за напад во случај на потенцијална руска војна против источните членки на НАТО.
Во октомври 2023 година, Павел Муравејко, првиот заменик-секретар на Советот за безбедност на Белорусија, предложи „пробивање на јазот“ до рускиот регион Калининград, што предизвика негодување во Литванија.