ЛУКАШЕНКО КАЈ ПУТИН ОДИ СО БЕЛОРУСКА КОСМОНАУТКА Претседателот на Белорусија пристигна во Москва

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко во посетатат на Москва го придружува Марина Василевскаја, првата белоруска жена космонаут.

319

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пристигна во посета на Москва. Лукашенко е придружуван од првата белоруска жена космонаут, Марина Василевскаја, која денеска беше одликувана со медал Херој на Белорусија.

За денеска предвидена е средба на Лукашенко со претседателот на Русија, Владимир Путин, а утре двајцата лидери заедно ќе присуствуваат на настани по повод Денот на космонаутиката.






Предвидено е Путин и Лукашенко да разговараат за регионалната и меѓународната ситуација, како и за координација на акциите како одговор на предизвиците и заканите.

Поврзани содржини