Лукашенко: Агресијата против Белорусија се развива, треба да контактираме со Путин

Опозицијата во државата подготвува нови масовни демонстрации за денеска.

624

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека сака да разговара со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи протестите продолжуваат по спорните претседателски избори.

– Агресијата против Белорусија се развива. Треба да контактираме со Путин, претседателот на Русија, за да можам да разговарам со него, Ова не е закана само за Белорусија –  рече Лукашенко на состанокот со владини претставници.






Опозицијата во државата подготвува нови масовни демонстрации за денеска.

Светлана Тихановска, главниот противник на Лукашенко на минатонеделните избори, вчера повика на масовни мирни протести во текот на викендот.

Досега беа приведени повеќе од 6.700 лица, стотици се повредени, а двајца починаа.

Белоруската Влада вчера се извини и почна да ослободува демонстранти.

Протестите избија во Белорусија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. На власт е од 1994 година, Лукашенко, го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови.

Попладнево луѓе се собраа во главниот град Минск, во спомен на Александар Тарајковски, 34-годишен демонстрант кој почина во понеделникот.

„Марш за слобода“ е планиран за утре во централниот дел на главниот град – една недела по победата на 65-годишниот Лукашенко.

Поврзани содржини