Лукаревска: УЈП се труди редовно да го враќа ДДВ
Само во април повратот на ДДВ е зголемен за 51,7 отсто.
УЈП се обидува навреме да го реализира повратот на ДДВ кон компаниите, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
– Само во април повратот на ДДВ е зголемен за 51,7 отсто. Се трудиме и во услови на криза да го задржиме трендот на поврат на ДДВ на одредено ниво и максимално колку што е можно го враќаме. редовно контактираме и со компаниите во однос на ова прашање – рече Лукаревска.
Притоа, рече таа, предност им даваме на најпогодените компании од кризата во угостителството, туризмот и транспортот.