📷 ЛУКАРЕВСКА СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА НА УЈП СО ФАЛСИФИКУВАН СЕРТИФИКАТ? Радио Лидер го објави документот што заменичката на Филипче го доставила до Владата
Сертификатот на ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска е издаден од Advance, извесен едукативен центар за јазици од Софија, Бугарија, на 31.01.2018 година и на него пишува дека таа била на тестирање за Cambridge English First B2 во овој едукативен центар. На документот со пенкало е напишан бројот на сертификат и нејзиниот личен број, објави Радио Лидер.
Заменик-претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска, од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за јавни приходи (УЈП) со фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик добиен во соседна Бугарија, објави Радио Лидер.
Согласно законските одредби, за да бидете директор на УЈП треба да имате меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик не постар од 5 години, а Лукаревска навела дека поседува ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) сертификат, но документот кој го доставила до Владата, како што пишува Радио Лидер, не кореспондира со изгледот на сертификатот кој се добива во Скопје.
Сертификатот на Лукаревска е издаден од Advance, извесен едукативен центар за јазици од Софија, Бугарија, на 31.01.2018 година и на него пишува дека таа била на тестирање за Cambridge English First B2 во овој едукативен центар. На документот со пенкало е напишан бројот на сертификат и нејзиниот личен број.

Во текот на вчерашниот ден, новинарите од Радио Лидер стапиле во контакт со заменичката на Венко Филипче, која во СМС порака ја запрашале за тоа дали можеби и таа има сертификат од Бугарија добиен од компанијата ЈУЛИА КО ЛТД и дали истиот е легален.
Лукаревска кратко одговорила:
„Мојот сертификат не е од компанијата Јулија КО ЛТД. Мојот сертификат е валиден сертификат“.
Сертификатите за познавање на англиски јазик станаа актуелна тема во земјава откако опозициската СДСМ обвини дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, поседува лажен сертификат набавен во Бугарија.
Како што објави Радио Лидер, од 2017 година во Македонија се употребени повеќе од 300 фалсификувани сертификати за познавање на англиски јазик претежно на функционери од СДСМ.
Вчера премиерот Мицкоски на лидерот на опозицијата Венко Филипче му достави сертификати на функционери од СДСМ за кои тврди дека се фалсификат.