Носителката на пратеничката листа на втората изборна единица од коалицијата “ Можеме”, Сања Лукаревска, денеска пред арачиновциЖ информираше за економската понуда од програмата „Можеме” и кажа дека во новиот мандат ќе е отворат нови работни места, ќе се обезбедат повисоки плати и пензии.
– Во изминатите три години, градиме општетство еднакво за сите. Права, правда, услови и можности сите граѓани подеднакво во држава која напредува во секој поглед. Направивме пресврт на подобро. Денес се обврзуваме на нови цели пред граѓаните, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за иднината. Преку брза трансформација на домашната економија, креираме нови работни места. Нашата понуда обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати – рече Лукаревска.
Можеби ќе ве интересира
Таа вети дека по завршувањето на кризата, невработеноста ќе ја намалуваат на ниво од 3 отсто годишно.
– Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 отсто – рече Лукаревска.