И во услови на пандемија државата има капацитет да спроведе здравствено безбедни избори. Важно е да излезете и да гласате, да го остварите своето уставно загарантирано право на глас, за да обезбедиме функционални институции кои што ќе работат за граѓаните. СДСМ и коалицијата „Можеме“, покажавме и имаме план за подобар економски стандард и повеќе пари кај граѓаните, рече носителката на листа во ИЕ2, Сања Лукаревска во општина Чучер Сандево.
– Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари што е дури 120% повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните 4 години и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. Тоа е економски патриотизам на дело кој продолжува уште повеќе. Во следниот период домашна платежна картичка од 9.000 денари добиваат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, лицата кои се пасивни баратели на работа, стечајните работници и самохраните родители – рече Лукаревска.