ЛУКАРЕВСКА ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ Раководството на СДСМ треба да си понесе одговорност 

Ќе бидеме првите критичари што будно ќе ја следиме новата власт - изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

747

СДСМ треба да ги направи анализите за да може да продолжи понатаму, а раководството треба да си понесе одговорност истакна заменик претседателката на СДСМ,  Сања Лукаревска, сумирајќи ги сè уште некомплетните, но според досега преброените гласови, очигледно поразителните резултати за партијата на претседателските и на парламентарните избори.

– СДСМ треба да ги направи анализите за да може да продолжи понатаму. Успеавме да направиме многу промени, кога се работи за плати, пензии, членство во НАТО… Раководството треба да си понесе одговорност, СДСМ да продолжи понатаму и во парламентот и во општините. Ќе бидеме првите критичари што будно ќе ја следиме новата власт – рече Лукаревска за Претрес.мк

Според Лукареваска, лошите кадровски политики и неконзистентноста го направиле своето, иако како што посочи, СДСМ во ниту еден момент не скршнал од неговата стратешка определба за членство во НАТО и ЕУ.

Поврзани содржини
na