Лукаку за својот хрватски колега: Ми личи на порно актер!
Знам дека ме нарекува брутален, но тој е побрутален кон себе со сите тие фризури со кои наликува на порно актер. Не ми се допаѓа тоа што прави со косата - рече Лукаку.
Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку, се вклучи во живо на Инстаграм и одговараше на прашања кои му ги поставуваа фановите, а најинтересен коментар даде за својот соиграч Марсело Брозовиќ за кого рече дека наликува на порно актер.
– Знам дека ме нарекува брутален, но тој е побрутален кон себе со сите тие фризури со кои наликува на порно актер. Не ми се допаѓа тоа што прави со косата – рече Лукаку.
Тој го искоментира и Аргентинецот Лаутаро Мартинез за кого имаше само пофални зборови.
– За Лаутаро ќе кажам дека е фантастичен и како чоек и како фудбалер. Расте заедно со тимот и презадоволен сум што играм со него. Го сакам! – рече Лукаку.