ЛУКАКУ СИ ПОИГРУВА СО НЕРВИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ Бара од Челзи да ги купи Бастони и Шкрињар од Интер
Гневот на „нероаѕурите“ врз Лукаку е преголем поради неговото неочекувано заминување од клубот, а сега, откако тој се обидува да ги „украде“ Шкрињар и Бастони, се чини дека навивачите на Интер ќе имаат дополнителна причина да „фрлаат со дрва и со камења“ по Белгиецот.
Фудбалерот на премиерлигашот Челзи, Ромелу Лукаку, побарал од управата на англискиот тим да купи двајца играчи на Интер – дефанзивците Милан Шкрињар и Алесандро Бастони.
Англичаните во текот на летото се обидоа да донесат засилување во одбраната и во последните денови од преодниот рок се обидоа да го ангажираат Жул Кунде од Севиља, но трансферот не се реализираше.
Последните информации велат дека Челзи може да си ја проба среќата на друго место откако Ромелу Лукаку препорачал двајца негови поранешни соиграчи од Интер.