ЛУКАКУ СЕ ВРАЌА НА ЏУЗЕПЕ МЕАЦА Интер со најдобриот напад во Серија А

Она што е исклучително важно за Интер е што Лукаку се согласил значително да ги намали личните барања. Тој се откажа од годишната плата во Челси од 13 милиони евра. Во Интер ќе заработи 7,5 милиони евра.

207

Интер и Челси ја договорија позајмицата на Ромелу Лукаку. Интер повторно ќе го има најмоќниот напаѓачки тандем во Серија А, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Позајмицата ќе биде официјализирана кога претседателот на Интер, Стивен Жанг ќе даде дозвола клубот да плати 10 милиони евра за едногодишната позајмица. Покрај фиксниот дел Челси ќе добие и одредени бонуси.






Она што е исклучително важно за Интер е што Лукаку се согласил значително да ги намали личните барања. Тој се откажа од годишната плата во Челси од 13 милиони евра. Во Интер ќе заработи 7,5 милиони евра.

Интер, минатото лето за 115 милиони евра им го продаде Лукаку на Челси.

Лондон воопшто не му одговараше на Белгиецот, откако на 26 натпревари во Премиер лигата само осум пати беше стрелец.

Поврзани содржини