Лукаку одбил понуда која не се одбива
Лукаку во Челзи за четири години би заработил 60 милиони евра, додека во Интер сега заработува „само“ 30 милиони евра годишно. Но, тој не се гледа себеси надвор од стадионот „Џузепе Меаца“.
Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку, уште еднаш докажа дека парите не го интересираат и дека уште долги години планира да го носи сино-црниот дрес.
Имено, синот на Роман Абрамовиќ дошол во Милано и се обидел да го убеди Белгиецот да се врати во Челзи. Како што објавија италијанските медиуми, тој наводно понудил 100 милиони евра на Интер, а Лукаку би добил многу поголема плата и договор на четири години. Но, Лукаку рекол – НЕ!
Лукаку во Челзи за четири години би заработил 60 милиони евра, додека во Интер сега заработува „само“ 30 милиони евра годишно. Но, тој не се гледа себеси надвор од стадионот „Џузепе Меаца“.