📽 ЛУКА ДОНЧИЌ ЈА РАСПАМЕТИ АМЕРИКА Ова кошаркарско чудо НБА го чекаше 40 години!
Ова е втор натпревар на Лука Дончиќ сезонава со повеќе од 40 поени без загубена топка, додека сите други играчи во НБА немаат ниту еден!
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ по кој знае кој пат одигра меч за аналите на најсилната кошаркарска лига во светот и ја распамети Америка. Далас претходно остана без можност да ја помине групата во НБА – купот, ново натпреварување кое се игра за прв пат оваа сезона. Но, и Далас и Дончиќ во голем стил се простија од него, со победа во тексашкото дерби над Хјустон 121:115 и со историско постигнување на Словенецот.
Словенечкиот феномен одигра натпревар за историја, постигнувајќи 41 поен и по девет скока и асистенции. Малку му недостасуваше за трипл-дабл учинок, а за 38 минути на теренот шутираше 15/29 од поле, со две украдени и ниту една загубена топка. Токму оваа „нула“ е историска за Дончиќ и за НБА.
Ова е втор натпревар на Лука Дончиќ сезонава со повеќе од 40 поени без загубена топка, додека сите други играчи во НБА немаат ниту еден!
Така Словенецот стана првиот играч во НБА со овој учинок по повеќе од 40 години.