ЛУК БЛЕК Е СРПСКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА Пејачот живее во Лондон (ВИДЕО)

320

Лук Блек е годинешниот претставник на Србија на Евровизија. Ексцентричниот уметник од Чачак ја изведе песната „Само ми се спава“.

„Многу сум благодарен на публиката и на жирито што гласаа за мене“, изјавил српскиот претставник на Евровизија.

Тој открил дека многу е приврзан за српската верзија на песната, па во Ливерпул ќе ја претставува својата земја пеејќи на мајчин јазик.

– За себе не можам да кажам дека сум пејач или текстописец, повеќе би рекол дека сум уметник. Затоа мислев дека за мене таму нема место, но откако Констракта победи, тоа е некој мој тип на музичар со кој што би можел да се чувствувам добредојден – вели тој.

Лука Ивановиќ, роден е во Чачак во 1992 година, попознат по неговото уметничко име Лук Блек, и е српски кантавтор. Тој е првиот соло изведувач од Србија со ексклузивен договор за Universal Music Group и досега има издадено 4 EP-а.

Овој млад уметник веќе шест години живее и работи во Лондон, каде што создаде песна со која ќе се обиде да победи на голем музички натпревар и да го донесе Евросонг во Србија.






Поврзани содржини