🎥 ЛУИС ХАМИЛТОН ЈА ПРОВОЗИ КИМ СО ЛЕГЕНДАРНОТО ФЕРАРИ Ф40 Возачот на Формула 1 и реалити ѕвездата веќе не ја кријат својата врска

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повеќе не ја кријат својата врска, двојката сега официјално ја потврди својата романса на социјалните мрежи, пишува Page Six.

85

Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повеќе не ја кријат својата врска, двојката сега официјално ја потврди својата романса на социјалните мрежи, пишува Page Six.

Возачот на Формула 1 објави видео на Инстаграм на кое може да се види како го вози легендарното Ферари Ф40 низ улиците на Токио, изведувајќи атрактивни маневри и „дрифтање“. Но, вистинскиот момент доаѓа на крајот од видеото, кога чадот се расчистува, а на совозачкото седиште се појавува Ким Кардашијан.






– Ова е лудо! – рече таа со смеа, воодушевена од возењето.

Објавата доаѓа по месеци шпекулации за нивната врска. Двојката првпат беше поврзана во февруари, кога беа видени заедно на романтично патување во Велика Британија. Кратко потоа, тие се појавија заедно на „Супер Боул“, каде што седеа еден до друг во ВИП ложата, што дополнително ги разгоре гласините.

Во март, тие беа видени и во Токио, каде што Хамилтон престојуваше поради Големата награда на Јапонија. Тој беше виден таму и со синот на Кардашијан.

За време на престојот во Токио, Ким Кардашијан сподели моменти со своите деца, Псалм, Чикаго и Сејнт, на социјалните мрежи, додека нејзината најстара ќерка Норт не беше на патувањето.

На едно од излегувањата, Хамилтон беше виден со Сејнт, што го забележаа и минувачите. Иако Хамилтон не се појави во нејзините објави, ова видео сега јасно ја потврдува нивната врска.

Двојката се познава со години, но дури неодамна ја подигна својата врска на ново ниво. По заедничките патувања во Лондон, Париз и Токио, се чини дека решиле да престанат да ја кријат својата романса.

Објавата на Луис Хамилтон, во која Ким Кардашијан се појавува на крајот, предизвика вистинска лавина од реакции на социјалните мрежи.

Сепак, не беа сите воодушевени од крајот: „Беше одлично до крајот…“, „Не, само не Ким Кардашијан“, „Ги затворив очите и се преправав дека не видов“, коментираа некои.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Поврзани содржини