ЛУДУВАЛ СО 108 КМ/Ч ВО ЗОНА ЗА 40 Приведен 21 годишен жител на Никуштак за пребрзо возење
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час.
Како што соопшти МВР, вчера во 11:30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.
При контрола на патниот сообраќај, како што се наведува во соопштението, било констатирано дека управувал патничко моторно возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.