ЛУДУВАЛ ПО АВТОПАТ СО 294 КМ НА ЧАС, ПА СЕ ПОФАЛИЛ СО ВИДЕО!? Полицијата го откри и го казни

По објавата на снимка на социјалните мрежи, МВР експресно реагираше и го идентификуваше 36-годишниот возач кој на автопатот Скопје–Гевгелија возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

195

Министерството за внатрешни работи експресно реагираше по видео што се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа возач како на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, развива неверојатни 293 километри на час — повеќе од двојно над дозволената брзина од 120 км/ч.

Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш започнаа оперативни активности, по што возачот беше идентификуван и повикан на разговор. Станува збор за А.Д. (36) од селото Елово, скопско, кој, според МВР, е санкциониран согласно законските одредби.






Видеото, кое самиот возач го објавил онлајн, предизвика силни реакции во јавноста, отворајќи повторно прашања за опасното возење и културата во сообраќајот. Надлежните потсетуваат дека ваквото однесување не е само прекршок, туку и директна закана по животот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од МВР упатија и јасен апел до возачите да ги почитуваат правилата и ограничувањата на брзината, нагласувајќи дека контролите ќе продолжат, а секое опасно однесување ќе биде соодветно санкционирано.

Поврзани содржини