Иако треба да се игра уште едно коло на Премиер лигата на Англија Ливерпул вечерва го ираше последниот натпревар сезонава на својот Енфилд.
Претходно беше познато дека ќе ја освојат титулата, а пехарот го подигнаа вечерва. На клубот тоа му успеа по 30 години чекање.
Тоа беше доволно за големата прослава пред стадионот.
Натпреварите во англиската лига се затворени за гледачите поради пандемијата на коронавирус, но навивачите на Ливерпул сепак најдоа начин да ја прослават титулата.
Тие решија да организираат дочек за тимот по пристигнувањето на „Енфилд“ и со тоа ги прекршија упатствата на здравствените служби во Англија.
Снимките предизвикаа контроверзии на Твитер. Многу луѓе се загрижени за можноста вирусот да се шири меѓу толпата, а многу обожаватели го осудија собирот