ЛУДА ВЕРВЕРИЧКА ТЕРОРИЗИРАЛА ЦЕЛ ГРАД Гризнала 18 луѓе, ги бркала по улици

Дводневната заложничка драма завршила кога 65-годишна старица по име Корин Рејнолдс успеала да ја фати верверичката откако претходно се спријателила со неа. Таа е позната во соседството како љубителка на животни.

797

Агресивна верверичка цели два дена го тероризирала градот Бакли во Велс, Велика Британија, а потоа морале да ја успијат, објави градскиот веб-портал. Верверицата сосема случајно напаѓала луѓе, било да се пензионери, деца и домашни миленици, фрлајќи се кон нив додека фрлале ѓубре, дури знаела дека ги брка по улица.






„Предупредување, злобен напад на верверичка. Таа ме касна, ја нападна мојата пријателка … и многу други луѓе. Ги нападна и моите и мачките на соседот. Тие сега не се осмелуваат да излезат од дома“, напишал еден човек на Фејсбук, а други објавиле и фотографии од нивните рани.

Дводневната заложничка драма завршила кога 65-годишна старица по име Корин Рејнолдс успеала да ја фати верверичката откако претходно се спријателила со неа. Таа е позната во соседството како љубителка на животни.

Не ѝ било лесно на старицата да се оддели од верверичката и да им ја предаде на надлежните служби. Таа, сепак, се спријателила со животното. Но, истовремено, таа не сакала да го изложи на ризик нејзиниот внук да биде каснат.

Поврзани содржини