ЛУДА НОЌ НА ПОЗНАТАТА МАНЕКЕНКА Кејт Мос едвај оди придржувајќи се за пријателката

Манекенката неодамна предизвика загриженост и со своето однесување за време на Неделата на модата во Париз, а во слична состојба се појавила и по забавата по повод 45-тиот роденден на Ким Кардашијан

114

Манекенката Кејт Мос (51) се чини дека им се вратила на своите стари навики, што го покажа со новото излегување во Лондон. Мос присуствуваше на забавата по повод 45-тиот роденден на Ким Кардашијан, која ријалити ѕвездата ја организираше во домот на познатиот фотограф Мерт Алас.

Кејт ја напуштила забавата држејќи се за својата пријателка, модната дизајнерка Бела Фројд. Судејќи според фотографиите, Мос имала тешкотии со одењето и изгледала многу поспано. Се сопнала кога влегувала во такси, а нејзиното однесување повторно ги загрижи обожавателите.






Мос пристигнала на забавата во црн мини фустан со црна бунда и штикли во иста боја. Покрај неа, на забавата беа и Џон Галијано, ФКА Твигс, Исла Фишер, Сара Полсон, Наоми Вотс, Крис Џенер и многу други ѕвезди.

Кејт неодамна предизвика возбуда кога се појави во Париз за Неделата на модата. Една вечер поминала во ноќен клуб, а фотографите ја фотографирале како го напушта. Моделот бил придружуван од телохранители кои ја држеле исправена  бидејќи, како што изгледало во тој момент, едвај можела да стои на нозе. Се криела зад очила за сонце, а косата ѝ била целосно разбушавена. Странските медиуми во тоа време објавија дека Кејт била толку исцрпена што телохранителите ја испратиле до нејзиниот хотел.

Кејт е позната во индустријата како „лоша девојка“, а нејзиното забавување ја чинело важни договори. Сепак, во последните години ги напуштила своите пороци и се посветила на поздрав живот. Во периодот по карантинот, таа рекла дека живеела „почист“ живот – вежбала јога, медитирала и се грижела за кристали. Во тоа време, таа го основа и брендот за велнес Cosmoss, кој на крајот банкротираше.

Откако нејзината компанија банкротираше поради долгови и по раскинувањето со нејзиниот партнер, фотографот Николај фон Бизмарк, Мос се врати на забавите. Од 2023 година, таа почна почесто да се појавува во јавноста, а во последните месеци нејзиното однесување беше особено загрижувачко. Сепак, нејзините пријатели пред неколку месеци изјавија дека сè е во ред со моделот.

– Кејт е жена во својот најубав период и сака да се забавува. Често поминува време со Лила и се смета за „кул мајка“ која може да биде во чекор со младите. Луѓето се шокирани затоа што ова не е Кејт која се навикнати да ја гледаат во последните години, но таа сака да пие и пуши… Таа е секогаш таа што ја започнува забавата и сака повторно да ужива во животот. Луѓето на социјалните мрежи треба да престанат да се грижат толку многу – изјавија тие за странските медиуми.

Поврзани содржини