Луд обожавател на Били Ајлиш доби 3 години забрана за приоѓање

618

На Пренел Русо, луд обожавател кој ја прогонувал Били Ајлиш, нема да смее да ѝ пријде наредните 3 години, освен ако не сака да оди во затвор.

Оваа одлука ја донесе судот во Калифорнија минатата недела.






Ниту осудениот, ниту пејачката не се огласија во медиумите по овој повод.

Обвинетиот обожавател се појавил пред куќата на родителите на Били во мај, прашувајќи ги дали пејачката живее таму. Иако таткото на Били му рекол дека не живее таму и дека е на погрешна адреса, Русо се вратил истата вечер околу 21 часот и почнал да се однесува лудо.

 

– Додека го чекавме обезбедувањето, господин Русо остана пред нашиот влез, седеше пред вратата и читаше книга, а одвреме-навреме имаше и монолог – ѝ рекла Били на полицијата.

– Татко ми во повеќе наврати го замоли да си замине, но тој го тоа го одби – додала Били.

Овој обожавател, наводно, дошол во куќата на родителите на пејачката седум пати, без пропишаната заштита на лицето, раквици, а тој не бил ниту на препорачаната оддалеченост од 2 метри.

Според пишувањето на американскиот портал ТМЗ, Русо бил приведен двапати, но никогаш не завршил во затвор затоа што не бил насилен.

 

Поврзани содржини