ЛУД МЕЧ НА „СТЕМФОРД БРИЏ“ Играчите на Челзи и Сити постигнаа дури 8 гола за реми во дербито на колото
Фудбалерите на Челзи и Манчестер Сити одиграа во Лондон без победник, 4:4 (2:2) во спектакуларен дерби натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига.
Спектакл на „Стемфор Бриџ“ во Лондон, Челси и Манчестер Сити одиграа луд меч со пресврти, возбуда, драма и дури осум погодока.
Гостите поведоа со гол од пенал на Халанд во 25 минута, но за кратко се порaмнија работите, Силва изедначи на 1-1 во 29 минута, а Стерлинг реализираше за 2-1 во 37 минута.
Во финишот на првиот дел Аканџи донесе нов егал и погоди за 2-2, а веќе на стартот од вториот дел дојде до нов пресврт, Халанд со својот втор гол го врати повторно Манчестер Сити во предност.
Џексон искористи една лоша интевенција на Едерсон и донесе 3-3 во 67 минута, за мечот да влезе во луда завршница.
Тиаго Силва во обид да блокира еден шут на Родри си ја затресе сопствената мрежа, и кога се чинеше дека Манчестер Сити ќе слави победа, домаќините добија пенал длабоко во судиското надополнување а Палмер остана смирен и му откина два бода на својот поранешен клуб.