Лулзим Сулејмани од Прешевската долина, кој ја преживеа трагичната несреќа на автопатот Струма во Бугарија и успеа да им помогне и на неколку други патници на настраданиот автобус, за екипата на ТВ Клан во софиската болница зборуваше во камера.
– Додека одеше автобусот, од десната страна удри во тротоарот, тркалата на автобусот пукнаа и почна да избувнува пожар и имаше многу чад во автобусот. Потоа автобусот се движеше 20 метри лево и самиот застана. Луѓето почнаа да повраќаат, да врескаат како во хорор филмови. Успеав да избегам бидејќи го зедов чеканот во автобусот и го скршив стаклото. Ја извадив свршеницата и уште пет лица – изјави Сулејмани за ТВ Клан.