Луѓето со нулта крвна група имаат помали шанси да се заразат со ковид-19

Научниците заклучиле дека луѓето со нулта крвна група потешко се заразуваат од луѓето со крвна група А, Б и АБ, а како што посочииле, шансите за зараза се 13 проценти помали во споредба со другите.

844

Луѓето со нулта крвна група имаат блага предност во однос на другите во поглед на ковид-19. Вакви резултати добиле данските научници кои тврдат дека помал е ризикот да се заразат луѓето со крвна група „0“.

Како што истакнале тие во извештајот, крвната група игра улога во отпорноста на човекот од новиот коронавирус, а според нив, тоа би можело да одигра и клучна улога кога на ред ќе дојде распоредувањето на вакцините.






Истражувањето било спроведено во Универзитетот Архус во Данска, а биле користени податоци од вкупно 470.000 луѓе тестирани на ковид-19.

Научниците заклучиле дека луѓето со нулта крвна група потешко се заразуваат од луѓето со крвна група А, Б и АБ, а како што посочииле, шансите за зараза се 13 проценти помали во споредба со другите.

„Станува збор за интересен податок кој покажува дека нешто се случува помеѓу вирусот и нашите крвни групи. Треба тоа повеќе да се истражи“, наведуваат научниците.

Причината за отпорноста на луѓето со 0 крвна група од коронавирусот засега е непозната, но научниците планираат да направат понатамошни истражувања за да ја откријат причината. Тоа откритие, тврдат тие, би можело многу да придонесе во борбата со ковид-19.

Поврзани содржини