ЛУЃЕТО ШОКИРАНИ ПОРАДИ ИНТИМНАТА СЦЕНА НА БЛЕЈК ЛАЈВЛИ „Жената воопшто нема срам!“

Среде расправијата помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, се појави видео од сетот на филмот на Лајвли „A Simple Favor“.

897

Среде расправијата помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, се појави видео од сетот на филмот на Лајвли „A Simple Favor“. Она поради што видеото го привлече вниманието е фактот што во една сцена актерката ја става раката на меѓуножјето на Хенри Голдинг со кого глуми, за што признала дека била импровизација.

Блејк во коментарот на филмот рекла дека овој потег изгледа како нешто што нејзиниот лик би го направил. Иако филмот е снимен во 2018 година, снимката од сцената повторно стана актуелна во текот на правната битка меѓу Балдони и Лајвли, која го обвинија актерот дека сексуално ја вознемирувал на снимањето на „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us).






Гледачите во коментарите го изразија своето згрозување од потегот на Лајвли.

„Ова е неверојатно. Таквото лицемерие е одвратно”, „Кутиот Хенри изгледа како да му е многу непријатно. Оваа жена нема нималку срам“, „Каде бил координаторот за интимност?“, „Таа може сексуално да ги малтретира мажите, а потоа да лаже за тврдењата дека некој ја малтретирал, „Таа е несоодветна со сите мажи со кои снима, мора да одговара за своите постапки“, се само некои од реакциите.

Да потсетиме, претходно Блејк Лајвли изјави дека нејзините деца биле истрауматизирани од драмата со Балдони. „Пејџ сикс“ пишува дека Блејк ја изменила тужбата што ја поднела пред федералниот суд во Њујорк. Во судскиот документ се наведува дека Џејмс, Инез, Бети и Олин биле трауматизирани и дека ситуацијата „емоционално влијаела на нивната благосостојба“.

Во документот се наведува дека и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс е „ментално, физички и професионално погоден од болката на неговата сопруга и децата“. Блејк во тужбата навела и дека ѝ е тешко да стане од кревет.

„Таа не излегува често во јавност“, се вели во документот, а во него се наведува и дека Лајвли исто така доживеала „болни физички симптоми“.

Балдони возврати со противтужба од 400 милиони долари.

Поврзани содржини