Постојат намирници со негативни калории кои, со консумирањето, ги топат вишокот килограми. Благодарение на нив, можете да ги јадете нормално и да слабеете. Во намирниците со негативни калории спаѓаат: боранија, цвекло, кељ, зелка, моркови, карфиол, целер, ротквица, краставица, грашок, праз, зелена салата, спанаќ и домати.
Од овие намирници, можете да направите одлични и вкусни јадења од кои не мора да се откажувате, но пожелно е да ги јадете во што поголеми количини. Постојат и овошја кои ќе ви помогнат да ослабнете, а тоа се: јаболка, боровинки, брусница, грејпфрут, лимон, малини. Ова овошје има доволно шеќер за да ја задоволи вашата потреба за слатко, без да се грижите дали тоа ќе ѝ наштети на вашата линија.
Намирниците со негативни калории многу позитивно влијаат на целиот организам, бидејќи го забрзуваат метаболизмот и го олеснуваат варењето, со што исто така го забрзува и процесот на слабеење. Ако се потрудите да внесувате поголем дел од овие намирници дневно, нема да мора да се грижите околу вишокот килограми, но нема да бидете ниту гладни.