ЛУЃЕТО НА ЈУТЈУБ ЈА КОМЕНТИРААТ ПЕСНАТА НА АНДРЕА Има добри шанси да влезе во финалето (ВИДЕО)
Повеќето од коментарите се позитивни во насока дека песната има добри изгледи да влезе во финалето.
На Јутјуб веќе осамнаа три видеа каде луѓето низ светот ја слушаат и коментираат песната „Circles“(Кругови) од македонската претставничка на Евровизија, Андера Коевска. Повеќето од коментарите се дека песната „има добри изгледи да влезе во финалето“ на натпреварот кој ќе се одржи во Торино, Италија. „Ќе и дадете ли 12 поени на оваа прекрасна земја?“, напишал јутјуберот „Јустес“ кој направил сопствено видео со позитивна рекација на песната.