Лозарите се заканија: Ако цената на грозјето падне под ланската нема да има берба

Министерот за земјоделство Трајан Димковски вети дека сите количини на грозје ќе бидат откупени.

338

Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има. Родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во месноста Моклиште, Ваташа, кај Кавадарци.

– Свесни сме дека пандемијата направи штета во целиот свет. Сепак, ако цените за килограм паднат под минатогодишните, ние нема да го бериме грозјето и родот ќе остане на нивите – напомена претседателот на „Напредни лозари”, Трајче Кулев.






Димковски рече дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено.

– Се согласуваме со барањето на лозарите за постигнување цена за килограм грозје на минатогодишно ниво. Разговаравме и за проблемите околу извозот на винско грозје. Очекувам брзо да се надминат – истакна Димковски.

Тој рече дека субвенциите редовно се исплаќаат. 

 

Поврзани содржини