Лозарите молат винарите да не манипулираат со откупните цени

204

Винари да не манипулираат со откупни цени и плаќање за грозјето од годинашнава реколта, апелираат од Здружението „Напредни лозари“. На состанок на Управниот одбор што се одржа синоќа, регионалното Здружение донесе неколку заклучоци.

– Бараме да се утврди задолжителна минимална заштитена цена за килограм грозје. Ако винарии повторно манипулираат со нас како и претходните години, бараме да се организираат средби со амбасадори во нашата земја, со кои би се разговарало околу можноста за извоз на нашето грозје – истакнаа присутните на состанокот.






Тие нагласија дека доколку повторно се појават манипулации околу цените и начинот на плаќање, не се исклучени и порадикални мерки, па и штрајк.

Поврзани содржини