Лозарите и винариите ќе добијат дополнителни субвенции за откупеното грозје и извозот на вино

Парите за новите дополнителни субвенции ќе се обезбедат од програмата за за поддршка од ковид-19.

917

Владата одлучи  на лозарите да им даде дополнителни субвенции за  произведено и предадено како и откупено винско грозје и за извоз на вино, откако ја разгелда Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки. Парите за новите дополнителни субвенции ќе се обезбедат од програмата за за поддршка од ковид-19.

Одлучено е да се даде дополнителна поддршка од 4 денари за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм од страна на регистрирани винарии.






Намената на оваа мерка е за интервентен откуп на грозје кое ќе биде преработено во производи од винско грозје, а корисници на оваа мерка се винарските визби кои се регистрирани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Притоа е задолжен кабинетот на заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од ковид-19.

Овој владин ресор ќе треба да подготви и  дополнителна мерка од Програмата за поддршка од ковид-19 во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, а корисници на оваа мерка се регистрирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства што се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предвидениот рок за исплата е до крајот на 2020 година.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доби задолжение да подготви мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје и се корисници на подмерката 1.10, како директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања.

Предвиден рок за аплицирање за мерката е да биде до крајот на 2020 година, а исплатата на оваа мерка ќе биде во 2021 година според рокот за исплати во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Мерката е наменета за сортите на винско грозје и тоа: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кавадарка.

Исто така Владата го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, да подготви мерка од Програмата за поддршка од ковид–19 во висина од 30% за транспортни трошоци за извезено вино во шишиња која ќе ја користат винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино и други правни субјекти кои вршат извоз на вино за кои е наменета и мерката за надомест во висина од 20% за транспортни трошоци за извезено наливно вино.

Овој владин ресор гтреба да подготви мерка и за извезено винско грозје и тоа:

– за количини до 12 милиони килограми поддршката ќе изнесува 2 денари по килограм
– за количини од 12 до 25 милиони килограми поддршката ќе изнесува 3 денари по килограм
– за количини над 25 милиони килограми поддршката ќе изнесува 4 денари по килограм.

Корисници на оваа мерка се откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи (винско грозје) што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ги исполнуваат условите за извоз на земјоделски производи.

Поврзани содржини