„Лозари Исток“ добија своја лименка Наше македонско пиво од „Кожувчанка“

Компанијата „Кожувчанка“ создаде специјален, лимитиран дизајн на лименка на брендот Наше македонско пиво за 30 години постоење на навивачката група „Лозари Исток“

365

„Лозари Исток“ од Кавадарци е една од најдобрите и најинвентивните навивачки групи во Македонија, а и пошироко во регионот, со сериозен број на членови и тим за почит. Познати помеѓу спортските фанови, успесите и победите на „Лозари Исток“ се речиси секојдневие.

Годинава, тие слават 30 години постоење!






Повод нивното долгогодишно функционирање, а и како благодарност за несебичната поддршка и посветеност на сите натпревари, Компанијата Кожувчанка, во име на цел регион, им оддава почит!

– Создадовме специјален, лимитиран дизајн на лименка на нашиот бренд Наше македонско пиво. Ова е гест од нашата Компанија за сите наши сограѓани од  „Лозари Исток”, навивачи на трибините на кавадаречките екипи. Нашиот тим им посакува уште многу години успеси и победи, и на здравје со Наше македонско пиво! – велат од Кожувчанка ДОО.

А „Лозари Исток” остануваат на натпреварите и трибините секогаш со љубов, верност и песна посветена кон кавадаречките спортски колективи. Ајдуци, Ретки  билки, Лозари, Ултра Кру, Ултра Дринкерс, 12 Бригада, Наш’то маало и останати Среќен роденден дечки, се гледаме на истокот!

Поврзани содржини