Лозановска: Филипче и Заев без компас, нема вакцини, ама има британски сој на вирусот

Членот на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за доцнењето на вакцините, бидејќи главната алатка во борбата против пандемијата, се вакцините  кои кај нас сѐ уште ги нема.

288

Мутацијата на британскиот сој на ковид-19 во земјава имало од 29 декември 2020 година, а министерот за здравство Венко Филипче месец по тоа, на 22 јануари тврдеше дека таква мутација во земјава нема. Ова е уште една негова лага, рече на денешната прес-конференција Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лицето кај кое е детектиран британскиот сој е веќе оздравено и се води во евиденцијата на оздравени од 22 јануари. Токму на тој 22 јануари Филипче рече дека го немало овој британскиот сој во Македонија. Владата е без компас! Министерот и премиерот не знаат какви се видови на вируси има! – рече таа.






Лозановска рече дека  министерот лаже и за вакцините.

– Додека сите држави во светот се во трка за вакцина повеќе, тука вакцините не се ни на повидок.Граѓаните секојдневно сведочат само на лагите како вакцини ќе има на крај на декември, почеток на јануари, па во февруари. А, фактот е еден – вакцини нема.Во другите држави граѓаните бираат со какви вакцини ќе се вакцинираат, а министерот питачеше кај ќе стигне, последно се најде пред вратите на Кинезите.Србија во меѓувреме понуди медицинските лица од земјава да се вакцинираат кај нив, а министерот одби. Ама на министерот му се случи кластер на Клиниката за нефрологија, дваесет здравствени лица заболени од само една болница!Цел свет, сите држави итаа по вакцини, а премиерот ни зборуваше за НАТО стратегии – рече Лозановска.

Таа, како што рече, бара одговорност за доцнењето на вакцините, бидејќи главната алатка во борбата против пандемијата, се вакцините  кои кај нас сѐ уште ги нема.

 

 

 

Поврзани содржини