Лозановска: Бројките го демантираат Филипче, бројот на новозаболени е над 10 отсто од тестираните

1,608

Епидемијата ескалира, бројот на новозаболени се зголемува, бројот на згаснати животи се зголемува поради неспособноста на СДСМ. Бројот на заболени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројот на починати се движи кон 500, рече на прес-конференција Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо работа со цел да се постигне тренд на намалување на бројката на новозаразени, поитаa да се радуваaт на тоа што четири дена бројката на новозаболени беше под 10 проценти од бројот на тестирани лица. Секој сака тренд на намалување на новозаболени, на стабилизрање на ситуацијата, но за тоа треба да се работи.Дека нема потреба од радување покажуваат бројките. За жал, последната бројка на новозаразени во едно деноноќие повторно покажа дека бројот на новозаболени е повеќе од 10 проценти од бројот на тестирани лица. А болеста се појавува и во оние помали места каде ја немаше, а и во дел од поголемите градови бројот расте. На пример, Битола од град со релативно малку заболени станува лидер во регионот со активни случаи заразени од ковид-19. За само две недели бројот порасна повеќе од двојно и вкупниот број е 114 лица позитивни, од кои 60 се активни – вели Лозановска.






Според неа, за надлежните се е под контрола иако не знаат дали ова е пик на првиот бран или втор бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат.

 

Поврзани содржини