ЛОЗАНО ЗАМИНА ОД МАКЕДОНИЈА Влатко „броеше километри“ до САД (ВИДЕО)

Чест ми е што сум поканет да пеам на овој важен настан и можам само да им ветам на сите присутни одлична забава. Потоа продолжуваме со останатите настапи во другите градови и држави каде има нашинци, ни изјави Лозано.

1,542

Нашата најголема музичка ѕвезда, Влатко Лозаноски – Лозано стапна во „ветената земја“, каде што веќе утре ќе го одржи својот прв концерт во неговата големата турнеја во Америка.

Популарниот Лозано ексклузивно за Плусинфо открива како поминал летот и дека со нетрпение го очекува настапот во Чикаго каде што очекува да присуствуваат голем број наши иселеници во оваа земја, но и од другите балкански земји кои живеат во САД.






видео: Инстаграм

– Летот беше одличен, без никакви проблеми. Полетавме од Скопје преку Виена и слетавме во Чикаго. Моментално сме во Чикаго, каде утре ќе го одржам мојот прв настап со бендот. Ќе настапам на големата македонска конвенција на која ќе присуствуваат Македонци од речиси сите делови на Америка и Канада. Чест ми е што сум поканет да пеам на овој важен настан и можам само да им ветам на сите присутни одлична забава. Потоа продолжуваме со останатите настапи во другите градови и држави каде има нашинци – ни изјави Лозано.

Засега не се познати термините во кога и во кои други градови Влатко ќе настапи, но како ни кажа неговите обожаватели навремено ќе бидат информирани.

Инаку оваа турнеја требаше да се реализира во 2020 година, но поради светската пандемија со коронавирусот, мораше да биде одложена.

Пред заминувањето за САД, Лозаноски даде изјава за емисијата „Бекстејџ“ при што откри што очекува од неговата прва турнеја во овие две земји.

– Жалам што поради пандемијата ја одложивме оваа турнеја пред две години, но сега ми е мило што ќе ги видам и ќе настапам пред нашинците во овој дел од светот. Во принцип за концертите не планирам да го менувам многу мојот репертоар, но сакам да го испочитувам за нив и знам дека публиката ги сака, така што ќе отпеам некои од традиционалните македонски песни, како и хитови од забавната музика – рече Влатко пред заминувањето од аеродромот во Скопје.

Тој исто така откри дека покрај Чикаго, планирано е да настапи во Детроит, одредени места во Њу Џерси, во Колумбос – Охајо, Мајами, во Индијана во Кромпоинт, повторно во Чикаго и Детроит и во октомври најави настапи во Македонија.

Поврзани содржини