ЛОВИМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ВО БЕЛГРАД, ВЕЛИ ВУЧИЌ Српските служби трагаат по странски платеници од „обоената револуција“

Српскиот претседател ги поврза двајцата снајперисти со неговата теза за неуспешна „обоена револуција“, велејќи дека дел од опозицијата и странските центри се обиделе да предизвикаат нестабилност.

1,196

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека службите интензивно трагаат по двајца снајперисти во Белград. Тој изјави дека се во градот веќе три дена и дека нивното присуство е потврдено со разузнавачки податоци, јави Телеграф.

– Моментално ловиме двајца снајперисти во Белград, за кои знаеме дека се во градот. И не можеме да ги пронајдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Ќе видиме кои се тие и какви цели имаат. Знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде доаѓаат парите. Верувам дека надлежните служби ќе можат да го решат тоа – рече Вучиќ.






Меѓутоа, тој нагласи дека не сака да создава паника во јавноста и дека одлучиле да не ја информираат јавноста порано, за да не се создаде впечаток дека владата ги плаши граѓаните.

– Во претходните денови и недели имавме разни разузнавачки податоци кои не беа наивни. Не сакавме да зборуваме затоа што, што и да кажете, тие ќе кажат дека владата ги плаши луѓето – додаде тој.

Понатаму, Вучиќ ги поврза овие информации со неговата теза за неуспешна „обоена револуција“, велејќи дека дел од опозицијата и странските центри се обиделе да предизвикаат нестабилност.

Притоа се осврна и на инцидентот во Чачак, каде вооружен маж рани цивил, нарекувајќи го тој настан доказ за зголемено насилство.

– Го застрелаа Милан Богдановиќ, кој не беше ниту виновен ниту одговорен. Дојдовме до таа точка. Пораката е дека е дозволено да се застрела некого невин. Секој чин на насилство што го вршат, мора да го прикријат со лаги – нагласи тој.

Сепак, српскиот претседател заклучи дека нема да прифати сила или надворешно влијание врз власта.

– Не ми паѓа на памет да прифатам сила, насилство или надворешно влијание. Постои само еден начин. Нема друг начин. Тие не можат да победат на изборите и тие го знаат тоа – изјави Вучиќ.

Поврзани содржини