ЛОВЕЈЌИ СЕ ЛИЗНАЛ ОД КАРПА И ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА Пожарникарите цел ден го извлекувале неговото мртво тело

Карпата од која паднал жителот на Кавадарци била висока 150 метри.

185

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.

– До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непристапен и непрооден терен,  моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзуваме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди – информираат од ТППЕ Кавадарци.






Извлекувањето траело речиси цел ден по екстремно тешкиот терен. Телото на загинатиот е предадено на полицијaта.

Поврзани содржини