📽️ ЛОВ НА ПИЛОТОТ НА СОБОРЕНИОТ Ф-15 Вооружени Иранци тргнаа во планините

Ирански медиуми тврдат дека вооружени групи и граѓани се вклучиле во потрага по пилот од соборен американски авион.

272

Припадници на племето Бахтијари во иранската покраина Хузестан се вооружиле и се упатиле кон планинските области во потрага по исчезнат пилот на американски борбен авион F-15 Eagle. Снимка што се прошири на социјалните мрежи прикажува група мажи со пушки како тргнуваат во потрага, објави IRIB News.

Во пораката објавена заедно со видеото, тие изразиле уверување дека ќе го пронајдат пилотот, порачувајќи: „Не грижете се, ќе го пронајдеме“.

 






Во меѓувреме, државната телевизија во покраината Кохгилује и Бојер-Ахмад ги повика граѓаните да се вклучат во потрагата, наведувајќи дека оној што ќе го фати пилотот жив и ќе го предаде на властите ќе добие парична награда. Според извештаите, првично се појавиле и повици пилотот да биде убиен, но тие пораки подоцна биле повлечени и официјално било побарано негово апсење.

Информациите засега не се независно потврдени, а САД не се огласиле официјално.

Соборувањето на Ф-15

Според извештаи на меѓународни медиуми, над Иран бил соборен американски Ф-15, што би бил прв потврден случај иранските сили да урнат американско летало од почетокот на конфликтот. Во тек е операција за пребарување и спасување, а според дел од наводите, еден член од екипажот е пронајден, но без официјална потврда.

Непотврдени тврдења за Ф-35

Дополнително, иранската агенција Tasnim објави непотврдени тврдења дека силите на Корпус на чуварите на исламската револуција собориле и американски F-35 Lightning II над централниот дел на Иран. Според тие наводи, пилотот се катапултирал и можеби бил заробен, но информациите не се потврдени од независни извори.

Пукотници кон спасувачки хеликоптери

 

На социјалните мрежи се појавија и снимки за кои се тврди дека прикажуваат ирански полицајци како пукаат кон американски спасувачки хеликоптери HH-60G Pave Hawk за време на операција за пребарување и спасување на југот на Иран. Овие хеликоптери се користат за извлекување на екипажи во борбени услови.

Засега сите информации доаѓаат од медиумски и социјални извори и не се официјално потврдени.

ДРАМА НА НЕБОТО НАД ИРАН „Блек хоук“ можеби погоден при спасувачка мисија

📽️ 📷 СОБОРЕН АМЕРИКАНСКИ АВИОН ВО ИРАН Двајцата пилоти ги бараат и Иранците и Американците

Поврзани содржини