Ловџија од Струмица пукал во диво животно, ама си го погодил пријателот

557

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 70-годишниот М.Ѓ. од с.Куклиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност“, наведено е во полицискиот билтен.

„На 26.01.2020 во атар на с.Раборци, струмичко, на место викано „Чепели“, додека М.Ѓ. и В.В., двајцата од с.Куклиш, како и Н.Н., М.Н., Д.Т. и Љ.Н., сите од Струмица, биле на лов на дивеч, М.Ѓ. во еден момент испукал кон дивечот, но го погодил Н.Н.(65) во пределот на градите“, стои во соопштението.

Поврзани содржини