Лотарија за вакцинираните во Словачка, плус бонуси ако убедат некој да се вакцинира

Условите за регистрација за лотаријата ги исполнува секој граѓанин кој е вакциниран, со која било вакцина и во кое било време од почетокот на кампањата за вакцинација.

180

Министерството за финансии на Словачка најави лотарија за вакцинираните, за да ја поттикнат имунизацијата кај граѓаните.

Граѓаните кои се вакцинирани од 1 август ќе можат да се пријават за лотарија на сајтот www.byzdravyjevyhra.sk, објави агенцијата Таср.






Условите за регистрација за лотаријата ги исполнува секој граѓанин кој е вакциниран, со која било вакцина и во кое било време од почетокот на кампањата за вакцинација.

Кога вакцинираното лице еднаш ќе се регистрира за лотаријата, автоматски ќе биде впишано за сите извлекувања.

Иако е можно да се учествува со само една примена доза на вакцина, тие кои примиле две дози ќе имаат двојна шанса за победа.

Исклучок има за луѓето кои се вакцинирале еднократно со вакцината на Џонсон и Џонсон.

Министерството го објаснил и механизмот за добивање на бонуси за тие кои ќе успеат да убедат други луѓе да се вакцинираат.

Бонусите ќе можат да ги побараат до 31 октомври и тоа само ако убедат лица да примат две дози од вакцина против ковид-19 или еднократна доза од Џонсон и Џонсон.

Поврзани содржини