„ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ НЕМАЛА ЛИЦЕНЦА, А ДЕЛЕЛА ЛИЦЕНЦИ Сѐ одело пред очите на функционери од бившата власт, обвини Мицкоски

825

Станува збор за фирми тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок, рече премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа.

– Имаме два случаи за одземање лиценци за игри на среќа, едната е од Струмица, другата е од Скопје. Не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски, би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив од надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца, издавала лиценци за приредување игри на среќа. Има претходни високи функционери од Владата коишто и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот – изјави премиерот Мицкоски.






Тој подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и дека очекува надлежните институции да излезат со став.

– Тоа е сѐ предадено до истражни органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата – истакна премиерот.

Поврзани содржини