ЛОША ВЕСТ АКО СТЕ ЖЕДНИ ВО АВИОН Од 1 септември построги правила на аеродромите на земјите во ЕУ
Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирно пластично ќесе со максимален волумен од 1 литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила.
Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт.
Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирно пластично ќесе со максимален волумен од 1 литар. Лековите и течната храна за бебиња се исклучени од новите правила.
Безбедносните правила за течности и гелови првпат беа воведени во 2006 година. Правилата беа олеснети на некои аеродроми каде што багажот можеше да се провери со помош на скенери. Но, повторното воведување поригорозни мерки е бидејќи ЕУ се сомнева во веродостојноста на новите скенери.