📽️ ЛОША СУМ ВО ТЕРЕТАНА Лејди Гага демантира дека е бремена

781

Музичката ѕвезда Лејди Гага беше фотографирана во саботата на тајната венчавка на нејзината сестра, а нејзиниот изглед доведе до шпекулации.

Пејачката за свадбената проба на нејзината сестра носела тесен црн фустан кој го нагласил нејзиниот заоблен стомак, поради што многумина се посомневаа дека е бремена.






Затоа што социјалните мрежи продолжуваат да го коментираат нејзиниот изглед, Лејди Гага одлучи да ги демантира гласините преку нејзиниот профил на ТикТок.

„Не сум бремена, само лоша сум во теретана“, напиша таа во описот на видеото додека насмеано позира пред камерата.

@ladygaga

register to vote or check if you’re registered EASILY at www.headcount.org

♬ I AM THE AESTHETIC _yaesthetician – yas 💚🌻🍭🫧

 

Поврзани содржини