ЛОС АНЏЕЛЕС СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО СЦЕНАРИО Евакуираните бараат засолниште пред да се вклучи црвениот аларм

Сè што постигнале пожарникарите од Лос Анџелес со натчовечки напори во последни, пишува „Њујорк Тајмс“.

1,013

Од денеска до среда попладне во Лос Анџелес се очекуваат силни ветрови кои би можеле да предизвикаат „експлозивен раст на нови пожари“, пишува „Њујорк Тајмс“. Црвените аларми се вклучени во градот во Калифорнија додека десетици илјади евакуирани се обидуваат да најдат засолниште, „што е и онака тешко поради големиот недостиг на станови во градот“.

„Сè што постигнале пожарникарите од Лос Анџелес со натчовечки напори во последните денови може да падне во вода, откако пристигна прогнозата која ја загрижи цела Америка“, се додава во написот.

 






Шефот на противпожарната служба во градот, Кристин Кроули, изјави дека противпожарните екипи се подготвени за посилни ветрови кои се очекува да ја зголемат опасноста од пожарот, се вели во статијата.

Црвеното предупредување се очекува да започне до полноќ кога се очекуваат удари до 120 километри на час, изјави Дејвид Рот, метеоролог од Националната агенција за метеорологија. Во понеделникот суви опасни ветрови дуваа со 48 до 80 километри на час во Санта Ана.

Повеќе од 8.500 пожарникари се бореа со пожарот од воздух и од земја, спречувајќи пожарот да се прошири на двете страни на Лос Анџелес во текот на ноќта. Уништени се повеќе од 12.000 згради. Пожарот беше наречен и „пекол на земјата“ на социјалните мрежи поради пустошот кој го остави зад себе. Изгореа бројни вили на познати јавни личности во Холивуд.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 15.000 луѓе и 1.900 противпожарни возила.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп сака да отпатува во Лос Анџелес по неговата инаугурација на 20 јануари, изјавија извори за Си-Би-Ес. Според нив, тоа би можело да се случи веќе следната недела.

Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во пожарите.

Наредбата за задолжителна евакуација останува во сила за 92.000 луѓе, а уште 89.000 жители се под предупредување за евакуација.

Поврзани содржини