Лорис и Сон за малку ќе се испотепаа на сред терен (ВИДЕО)
Точно, камерите не снимаа сè, затоа што останува прашањето што се случи во соблекувалната на Тотенхем, бидејќи голманот Уго Лорис и Хјун-Мин Сон бидејќи малку недостасуваше тие физички да се пресметаат на теренот.
Фудбалерите на Тотенхем, Уго Лорис и Хјун-Мин Сон влегоа во конфликт на теренот, но нивните соиграчи ги разделија.
Точно, камерите не снимаа сè, затоа што останува прашањето што се случи во соблекувалната на Тотенхем, бидејќи голманот Уго Лорис и Хјун-Мин Сон бидејќи малку недостасуваше тие физички да се пресметаат на теренот.
Да не беше Ло Села да застане помеѓу лутиот капитен и фудбалерот од Јужна Кореја, веројатно ќе гледавме „тепачка“ на сред стадион.
Лорис, откако судијата го одбележа крајот на првото полувреме, во кое „петлите“ имаа предност против Евертон од 1:0, набрзина и многу налутено се упати кон Сон. За среќа за тимот на Жозе Мурињо, Аргентинецот беше прибран и брзо ги раздели двајцата соиграчи, кои потоа заминаа во тунелот кон соблекувалните.
Hugo Lloris & Son clashing with each other at half-time 😳 pic.twitter.com/jjVeKy36AR
— Football Daily (@footballdaily) July 6, 2020