Лоренс Фишбурн: Не ме поканија за „Матрикс 4“

436

Лоренс Фишбурн за „Њујорк магазин“ потврди дека не бил поканет од продукцијата на „Матрикс 4“ за да биде дел од филмот.

– Не ме поканија. Тоа можеби ќе ме поттикне да напишам некое друго сценарио. Им посакувам сѐ убаво. Се надевам, филмот ќе биде одличен – изјави Фишбурн.






Тој во првите три дела од приказната го глумеше Морфиус, и вели дека би му било драго луѓето да го запомнат најмногу по оваа улога. Другите двајца од славното „Тројство“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги и во четвртиот дел.

„Матрикс 4“е во фаза на снимање. Сценариото и режијата се на Лана Вачовски. Други познати имиња меѓу глумците се: Пријанка Чопра, Нил Патрик Харис, Џејда Пинкет Смит, Џонатан Гроф и други.

Првото прикажување на филмот е закажано за 1 април 2022 година.

Поврзани содржини