📷 ЛОРЕН САНЧЕЗ ГО ПОКОРИ ПАРИЗ Се појави во три броја помал фустан, бујните гради во прв план

Лорен Санчез (55), сопруга на милијардерот Џеф Безос, уживаше во вечерно излегување со сестрите Брукс и Сара Џејн Надер во Париз во вторникот вечерта.

4,397

Лорен Санчез (55), сопруга на милијардерот Џеф Безос, уживаше во вечерно излегување со сестрите Брукс и Сара Џејн Надер во Париз во вторникот вечерта. Иако Безос го прескокна дружењето, неговата новопечена сопруга не го стори тоа: Лорен гордо го покажа својот нов венчален прстен, додека сите три дами го привлекоа вниманието со своите сексапилни изданија.

Инаку, во моментот се одвива Модната недела во Париз, каде што беа видени бројни светски ѕвезди.






Поранешната новинарка се појави во црвен кожен фустан со изразено деколте, а комбинацијата ја надополни со црни потпетици, мала црна чанта и темни очила. Дијамантски обетки блескаа на нејзините уши, додека нејзиниот нов венчален прстен блескаше во преден план – потсетник на раскошната свадба што двојката неодамна ја прослави во Венеција.

За оваа пригода, таа избра ефектен модел на црвен фустан од латекс од брендот „Версаче“, чија цена е над 3.500 долари. Со него носеше луксузна чанта „Ермес Кели“ изработена од крокодилска кожа, вредна повеќе од 50.000 долари. Нејзиниот изглед го привлече вниманието на присутните, а пред ресторанот беше опкружена со обезбедување додека бројни минувачи и фотографи ја набљудуваа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Splash News (@splashnews)


Нејзината сестра Брукс Најдер, позната манекенка, се одлучи за провокативен изглед: целосно проѕирна блуза под која не носеше градник, која ја комбинираше со црни хеланки до листовите и елегантни црни сандали со потпетици.

Сара Џејн Надер била елегантна и ненаметлива во црно-бел сатенски макси фустан, совршен за париска вечера.

 


Инаку, минатата недела Брукс Најдер присуствуваше на свадбата на Лорен и Џеф во Италија, каде што наводно го сретнала своето поранешно момче, славниот американски спортист Том Брејди (47). Според изворите, двајцата разговарале и танцувале во текот на вечерта додека диџејот Киго пуштал хитови, а според очевидци, сè поминало во пријателски дух.

Брукс и Брејди првпат беа поврзани јавно минатото лето, кога се запознаа на забава од А-листата во Хемптонс. Таа во моментот е слободна, откако во април ја заврши врската со танчарот Глеб Савченко, со кого беше партнерка во шоу програмата „Танц со ѕвездите“.

 

 

Поврзани содржини