📷 ЛОРЕН САНЧЕЗ Е ВИНОВНА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА АНА ВИНТУР ОД „ВОГ“? Силни негодувања поради насловната страница

Ана Винтур е едно од најмоќните имиња во модната индустрија, а многумина беа шокирани од нејзината одлука да го напушти местото главна уредничка на американскиот „Вог“.

412

Ана Винтур е едно од најмоќните имиња во модната индустрија, а многумина беа шокирани од нејзината одлука да го напушти местото главна уредничка на американскиот „Вог“.

Многумина веруваат дека за заминувањето на Ана Винтур е виновна насловната страница на која е Лорен Санчез, критикувајќи го изборот на „Вог“.






„Вог“ се најде на удар на критики од читателите откако ја објави својата дигитална насловна страница од јуни 2025 година, на која е Лорен Санчез Безос како позира во нејзината венчаница од „Долче и Габана“. Насловната страница, објавена на Инстаграм по раскошната венчавка на двојката во Венеција брзо предизвика јавно негодување.

 


Негативните реакции се совпаднаа со објавата на долгогодишната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, дека ќе се повлече од својата позиција по 37 години.

Иако Винтур ќе остане глобален уреднички директор и главен директор за содржини на „Конде Наст“, ​​некои коментатори шпекулираат дека нејзиното заминување било темпирано за да се дистанцира од контроверзната одлука и дека всушност Лорен Санчез е виновна за тоа.

Еден моден фотограф се пошегувал: „Не знаев дека сега можеш туку-така да купиш насловна“, одразувајќи скептицизам кон начинот на кој „Вог“ ја избрал последната насловна страница.

Луѓето во модната индустрија споделиле слични пораки, тврдејќи дека новата сопруга на Џеф Безос ја платила насловната страница и дека Ана тоа не сакала да го поддржи.

Поврзани содржини