ЛОПАТКИ ЗА ДА СИ ИГРА ВО ПЕСОКОТ, МЛЕКО ЗА СОНЧАЊЕ, ГУМА ЗА ПЛИВАЊЕ Младите од ВМРО-ДПМНЕ му спремија пакетче на директорот на ФЗО (ФОТО)
На директорот на ФЗО му оставивме лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото, вели Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека здравствените работници скоро 2 месеци не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување на лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД, рече Валентин Манасиевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа, пиејќи коктели и да игра со песок. Затоа, ние како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска спремивме едно пакетче за директорот. Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му здосади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и за крај чадор и крема за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани. Власта на СДС – ДУИ и нивниот кадар не ги интересира животот на граѓаните. Додека тонеме на секое поле од општеството, овие мислат само на луксуз и лични интереси – рече Манасиевски.