ЛОШ СТАРТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО Македонија е поразена од Словенија

511

Македонската ракометна репрезентација со пораз од два поени од Словенија го почна настапот на Европското првенство во Унгарија.

Македонија загуби со 27:25, а Кире Лазаров нема да може да игра на првенството, туку ќе биде само во улогата на селектор, откако вчера доживеа повреда на првиот официјален тренинг во унгарскиот град Дебрецен.






Младите ракометари играа мошне солидно, но веројатно поради недоволното искуство правеа технички грешки со што и овозможија и победа на словенската ракометна репрезентација.

За два дена Македонија ќе се сретне со Црна Гора од 18 часот.
Поврзани содржини