ЛОНДОН И ПАРИЗ ФОРМИРААТ КОАЛИЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Состанок со 30-тина држави за сигурноста на мореузот
Состанокот ќе биде на ниво на началници на генералштабовите на вооружените сили на земјите што ја потпишаа минатонеделната изјава, со која се повикува на прекин на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персискиот Залив и се наведува дека се „подготвени да придонесат“ во напорите за обезбедување на морзеусот.
Лондон и Париз неделава ќе организираат состанок со 30-тина држави подготвени да формираат коалиција за обезбедување на Ормускиот Теснец, изјави неименуван извор од британското Министерство за одбрана.
Според него, состанокот ќе биде на ниво на началници на генералштабовите на вооружените сили на земјите што ја потпишаа минатонеделната изјава, со која се повикува на прекин на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персискиот Залив и се наведува дека се „подготвени да придонесат“ во напорите за обезбедување на морзеусот.
Заедничката изјава, која ја иницираа Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, оттогаш е поддржана од околу 30 земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.
Началникот на британскиот Генералштаб, Ричард Најтон и неговиот француски колега Фабиен Мандон „се свесни за улогата што треба да ја играат во обединувањето на оваа коалиција и во помагањето на меѓународната заедница да развие план за повторно отворање на Ормусиот Теснец што е можно поскоро, наведе изворот.